Принудени да избираат меѓу децата и работата
Македонскиот образовен систем не успева да одговори на предизвикот што го донесе пандемијата од корона вирусот, а најдобар доказ за тоа е што до недоглед се пролонгира организирањето продолжен престој за учениците што посетуваат настава со физичко присуство. Иако Владата уште на 29 септември одобри продолжен престој, ретки се училиштата во кои што се згрижуваат деца по часовите. Поради тоа, голем број родители се доведени во незавидна состојба. Тие се принудени да вложуваат натчовечки напори да им посветат внимание на своите деца и истовремено да ги исполнат работните обврски.
Одговорите што од Самопрашај.мк ги добиле од општините на прашањето зошто сè уште нема продолжен престој го отсликуваат хаосот што владее во образованието. Имено, дел од нив се подготвуваат, некои потенцираат дека немаат услови за продолжен престој, а некои сѐ уште чекаат инструкции од извршната власт.
Повеќе на Самопрашај.мк

