Светот на работникот

Продуктивноста на работникот треба да се мери преку резултатите, а не поминатото време

Како еден работник да биде попродуктивен на работа? Дали работните часови се повразни со продуктивноста на работникот? На овие прашања разговаравме со регрутери од Агенцијата за регрутирање Thrivity.

Од Агенцијата велат дека продуктивноста повеќе не се дефинира ккао „работа во поголем обем“, туку како способност за длабок фокус и остварување конкретни резултати. За да се постигне ова, препорачуваат неколку клучни методи кои се користат во светот:

  • Длабок фокус (Deep Work): Додека Помодоро методот (25 минути работа, 5 минути пауза) е одличен за почетно придвижување, од Thrivity за сложени задачи препорачуваат блокови од 60 до 90 минути целосна концентрација без дигитални пречки (нотификации, социјални мрежи).
  • Методот „Eeat the Frog“: Истражувањата покажуваат дека капацитетот за одлучување опаѓа во текот на денот. Најтешката задача треба прва да се заврши наутро. Кога најголемиот предизвик е зад вас, нивото на допамин раст, што ја олеснува работата во остатокот од денот.
  • Откријте кој е вашиот „Златен час“: Продуктивноста не е линеарна. Како што наведуваат од Агенцијата, истражувањата на универзитетот Stanford потвврдуваат дека секој поединец има свој биолошки врв. Наместо форсирање на истиот ритам за сите, менаџерите треба да овозможат флексибилност на работниот да ги извршува најтешките задачи во својот природен енергетски час.
  • Микрошифтинг: работните блокови од неколку часа кои можат да направат баланс помеѓу приватниот живот и работата, наместо класичната 9 – 17 или фиксна смена, е се популарно и во пораст на глобално ниво. Интересот за флексибилност кај моделот на работа е голем, земајќи ги предвид потребите на луѓето денес, темпото и начинот на живот.

Во однос на поврзаноста помеѓу осум часовното работно време и продуктивноста, од Thrivity велат дека стандардното работно време е наследство од индустриската ера кое денес, во 2026 година, станува застерен концепт во многу сектори.

Од таму посочуваат дека физичкото седење на стол не значи и работа.

„Глобалните податоци на Global Productivity Index сугерираат дека вработените кои се принудени да останат на работното место фиксни осум часа, често губат 2 месеци годишно во ’празен од’“, велат од Агенцијата.

Реалниот капцитет за работа e далеку помал. Просечниот вработен во текот на денот вистински е продуктивен 3 до 4 часа. Според истражување на McKinsey, дури 28 % од работната недела оди на читање и одговарање на мејлови, што е скоро половина од непродуктивното време.

Други истражувања покажуваат дека по 50-тиот час во неделата, продуктивноста паѓа толку нагло што дополнителните часови стануваат бескорисни и често водат до грешки и ризик од стрес и прегорување (burnout). Ова значи дека повеќе работа не исто што и повеќе достигнувања.

Од Thrivity се на ставот дека продуктивноста треба да се мери преку исходот, односно резултатите, а не преку поминатото време.

„Нашата анализа на регионалниот пазар покажува дека компаниите кои воведоа флексибилност и мерење на учинокот преку конкретни цели (KPIs), заблежаа раст на продуктивноста од 22 %.“

„Работникот не само што не може да биде 100 % продуктивен 8 часа, туку тоа е и биолошки контрапродуктивно. Иднината на работата е во автономијата. Во Thrivity веруваме дека најдобриот метод за продуктивноста е во баланост, кога вработениот е одморен и има соодветни алатки, тој носи многу поголема вредност за компанијата отколку кога само ги ’одработува’ своите часови“, велат од Агенцијата за регрутрирање Thrivity.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk