Промовираната мерката за отпис на долговите не се знае како ќе се спроведува
Отпис на камати за долгови кон јавни претпријатија на граѓаните ќе има но сеуште не се знае како ќе се спроведе. Министерството за правда кое е надлежно да ја примени оваа мерка нема детали и инфомации на кои начин ќе се отпишуваат каматите и како мерката наменета за граѓаните ќе се реализира. Засега останува најавата на премиерот Заев дека каматите ќе треба да се избришат, а главниот долг да се плаќа на 12 месечни рати. Премтим Ќерими од комрата на извршители во вечерашното гостување на Економски магазин вели дека немале средба со властите, ниту се известени како оваа мерка да ја спроведуваат.
„Со најавата зошто уште немаме нацрт план или предлог на новиот закон со најавата дека самиот должник треба да побара да биде дел од целава оваа постапка мислам дека не е добро. Треба да се предвидат сите граѓани врз основа на тоа дали се работи за предмет кои произлегува од доверители кои даваат комунални услуги треба да се прости каматата. Со едно писмо да бидат опфатени сите и по аналогија да бидат опфатени сите граѓани“, вели Премтим Ќерими- Комора на извршители.
Ваква иста мерка веќе е преточена во закон кој беше донесен претходната година, но бројот на граѓани на кои им се избришаа каматите остана мал. Од комората на извршители велат дека законот потфрлил бидејќи претпријатијата и институциите во одреден законски рок требале сами да побараат бришење на каматите на граѓаните, но тоа не го сториле. За оваа мерка Владата планира да одвои 30 милиони евра.
Извор: АластМ

