ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Просечната нето плата во август изнесувала 28,642 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2021 година, во однос на август 2020 година, изнесува 104.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.0 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.4 %) и Други услужни дејности (12.6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (5.5 %), Уметност, забава и рекреација (3.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.1 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2021 година, изнесува 28 642 денари.

Бруто платата во август изнесувал 42,776 денари.