ПравдаСветот на работникот

РАБОТНИКОТ ЈА ТРОШИ ПЛАТАТА НА ИНФЛАЦИЈА ДОДЕКА ДИРЕКТОРИТЕ ЗЕМААТ МИЛИОНСКИ ДИВИДЕНДИ 

Во време кога во високо развиените држави се имплементира шест часовно работно време, нас ни се сервира феудализам и робовладетелство. Предлогот на Владата за 60-часовна работна недела нѐ врати назад во 1882 година, кога во индустријата се работеше и 12 часа дневно.

Лошите услови за работа ги приморија работниците да се иселат од државава; ги дискриминираат жените-земјоделки; на железничарите им се исплаќаат плата во половинки;поради расипничкиот однос во јавните претрпијатија работниците не можат да земат додатоци и надоместоци на плата; вработените во маркетите работат во ладни простории; градежната мафија ги експлоатира незаштитените и непријавените работници.

На објавениот повик на Левица, преку 1000 работници пријавија нерегуларности на работните места. Ова е знак дека правата на работниците се само декларативна утопија во програмите на денешните политички чинители. Класната разлика е се поголема, додека директорите во банките земаат милионски дивиденди, обичниот работник ја троши платата на инфлација. 

Затоа, работници и работнички, нема друга алтернатива освен организираната политичка моќ на трудот. Наместо за работнички права, заедно да се бориме за власт. За работничка власт и за политичка моќ на трудот.