Работниците се вакцинираат, прават ПЦР-тестови и одат да работат на европските ниви
Откако Европската Унија дозволи влез со ПЦР-тест и вакцина, голем дел од нашата работна сила ќе замине да работи на европските ниви. Ова уште повеќе ќе го зголеми недостигот од сезонски и квалификувани земјоделски работници кои последниве години, поради повисоките дневници, масовно мигрираат во Германија, Велика Британија, Италија, Грција… Нашите земјоделците мака мачат да најдат работници за берба, за резидба на лозови и овошни насади, за калемење… Велат дека и покрај намалувањето на откупните цени за да ги задржат сезонските работници, не ги намалиле дневниците кои се движат од 1.000 до 1.500 денари.
Повеќе на Вечер.прес

