ПравдаСветот на работникот

Работничките од „Алкон Текс“ пред брендот ги изложиле своите проблеми

Некои помислија дека овде ќе престанеме? Не, продолжуваме! До крај!
До брендовите кои даваат работа кај ваквите работодавачи! 👇
“Во текот на вчерашниот ден се одржа состанок со нашите партнери од Clean Clothes Campaign и работничките од „Алкон текст“ од Штип.
На состанокот се разговараше за проблемите на работничките, во врска со нивните неисплатени плати, придонеси, додатоци и слично.
Кристина Ампева пред партнерите го истакна незадоволството од одзивот на институциите и решавањето на проблемите со коишто се соочуваат работничките. Кристина, истакна дека правдата ќе ја бараме надвор од нашата држава, преку нашите партнерски организации.”