Вести

РАЗМИСЛЕТЕ ДОБРО ПРЕД ДА НАПРАВИТЕ ПОТЕГ: ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ НА „ОПАСЕН“ ДЕЛОВЕН ТРЕНД

Подготвил: Бобан Илијевски

Експерт за вработување предупредил на појавата на трендот „номадска плата“ или „плата за номади“, кој подразбира пораст на бројот на вработени кои ги напуштаат работните места во потрага по подобра заработка, за да можат да се справат со притисоците од трошоците за живот.

Директорката на компанијата за регрутирање Robert Walter, Џејн Луни, ја опишува оваа група на луѓе како работници кои се подготвени да „носат одлуки“ или да ги следат „нетрадиционалните патишта на кариерата“, со цел да заработат повеќе.

Овој тренд може да укажува на тоа дека работниците даваат откази во групи, а тоа можат да бидат оние на кои поважно од повисока плата, им е да имаат „ветувачки“ работни позиции.

Луни објаснува дека некои позиции на „кратки стази“ можат да нудат „подуени“ плати, на основа на побарувачката, но дека и кандидатите можат да се соочат со „брутална корекција“ доколку се вратат на постојаните работни места.

„Постојат компромиси кога размислуваме за работата само преку перспектива на парите. Мислам дека тоа е прениско“, рекла таа.

Истражувањето за платите од 2023 година, кое го објавила компанијата за вработување Robert Walter, покажува дека 80 % од повеќе од 1,000 испитаници рекле дека би барале ново работно место доколку не добијат зголемување на платите поради зголемената инфлација во 2023.

Бидејќи декемврискиот индекс на потрошувачките цени го достигнал 30-годишниот максимум во САД од 7,8 %, Луни очекува од компаниите да применат други „мерки на трошци на живот“, за да не ги зголемуваат основните плати на работниците.

Тоа вклучува пакет бенефиции за поддршка на грижата за деца, т.н. денови за благосостојба, бесплатен појадок или надоместок за гардероба.

Луѓето коишто сакаат да го променат работното место поради причини поврзани со платите, според Луни, потребно е да си го постават прашањето: Зошто се селам? 

(Telegraf Biznis)

Фото: Shutterstock