МакедонијаСиндикат

САДУ ги стартуваше 9-тите синдикални спортски игри (ГАЛЕРИЈА)

Дождливото време во текот на вчерашниот ден не ги попречи избраниците на синдикалните организации на Синдикатот за администрација и државна управа и правосудство (САДУ) да ги започнат 9-тите синдикални спортски игри. Оваа година тие се одржуваат од 29 до 31 мај во Охрид.

Спортските игри ги отвори Претседателот на САДУ, Благоја Ралповски, кој во воведниот говор повика на фер игра и посака да победи најдобриот.

Избраниците на синдикалните организации се натпреваруваат во осум спортови: серва, мал фудбал, баскет, пикадо, шах, стрелаштво и одбојка на плажа.

Синдикалните игри се и можност за вмрежување помеѓу членовите на синдикалните организации.  

Една од целите на одржувањето на синдикалните спортски игри е и одржувањето на здравјето, бидејќи практикувањето на кој било спорт подразбира и грижа за физичкото и менталното здравје.