Саздов: Спасовски да се изјасни дали е Министер или Судија
Известување од Дејан Саздов, Генерален Секретар на Синдикат на полицијата во Македонија – СПМ
Почитувани,
Како генерален секретар на СПМ во рамките на МВР, со должна обврска кон вработените и интересот на Јавноста ви ја пренесувам аларматната и загрижувачка состојба во Министерството поради одземање и парализирање на слободите и Демократските права.
Кон Синдикат на полиција во Македонија (СПМ), над членовите како вработените во Министерството за внатрешни работи на ден 01.10 2020 година,се реализираше и спроведе Финансиско Блокирање на Синдикалната чланарина кон Синдикатот, по дирекна Наредба на Министерот Оливер Спасовски, од кого Недемократски се изврши спречување и одземање на работни права Гарантирани со Уставот и Закони на Р.М, и повеќе не се дозволува слободно Синдикално организирање односно неможе и се Забранува во МВР, да се одвиваат Синдикални Активности,делување и членување во други Синдикати освен по Одредување од Министерот и под Режим се одлучува кој Синдикат може а кој неможе да ги остварува работните права во Министерството.
По претходно писмено Известување под бр 13,1.1-67420/1 од 01.09.2020 година, испратено до СПМ од страна на Министерот Буквално на Несовесен и СРАМЕН начин се изврши директен Напад кон Синдикатот со што се Забрани на Членовите и воопшто на вработените во Министерството остварување на работните права преку изразена слободна воља за членување и синдикално здружување односно преку одделението за финансии во МВР ,се Забрани да се врши обработката на синдикална чланарина и воедно да не се спроведува задршка на плати на работниците за комерцијални аражмани во организација на Синдикатот преку Незаконско и неосновано образложение за раскинување на (Спогодба) Писмен договор под бр:18/9 од 27.05.2020 година и 08-45613/1 од 02.06.2020 година склучен помеѓу МВР и СПМ.
Со блокирање и попречување на Синдикатот на Полиција во Македонија, во моментот сме доведени во ситуација пред крстосница и под Присилба сме принудени да запреме со синдикалните активности, да застанеме и да мораме да го прашаме: Министерот Оливер Спасовски, како е можно тој да биде Министер за внатрешни работи , Премиер и Виш Судија истовремено?.
Како тоа може личниот потпис на Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да има правна и надзаконска сила над секој друг потпис на Министер во МВР.
Прашуваме како тоа на ден 19.04.2016 година, од позиција на Технички Министер,
Г-динот Оливер Спасовски склучува Спогодба (Договор) за регулирање на синдикална чланарина помеѓу МВР и друг Синдикат односно како Министерот во тогашен состав на Техничка Влада ,потпишува ,одобрува и ги регулира правата на Синдикат а за тоа воопшто нему било потребно втор потпис од Дополнителен Министер а ниту пак тоа право било оспорувано за спротивност на Законот за Влада.
Согласно Законски прописи Синдикално Организирање нема апсолутно никаква врска со Избори,а ниту пак во Законот за влада има регулирано ограничување за спречено организирање и здружување на работниците во Синдикални организации односно Синдикати.
Министерот ставајќи се над Законите во улога на Премиер, од позиција Министер за внатрешни работи во Мвр ,НЕЗАКОНСКИ раскинува Договор помеѓу Синдикат и Министерството , За да може да врши Дирекна контрола на Синдикати и наметнува да се признаваат и спроведуваат единствено Акти од неговиот личен потпис токму онака како во Феудалното општество кога се наложувало од Владетел.
Како тогашен Технички Министер Оливер Спасовски со постапката од 2016 година, Дали денес можеби со три функции истовремено? ни се испраќа порака, со која треба да ни се стави до знаеење дека само тој може да потпишува ,одобрува, и одлучува кому и како сака ќе дозволува и недозволува да се остваруваат Законски гарантираните права .
Дали втор потпис на Дополнителен Министер во услови на Техничка Влада Не секогаш се бара? Или може се бара само ако назначениот Министер истовремено е Премиер и виш Судија? Дали само на овој Начин со ваков потпис се склучува Писмен Договор со Министерството? за да може да се изврши основно и должно спроведување и регулирање работно право на реализирање Синдикална Чланарина за да важат Договори како тој што е склучен во 2016 година помеѓу Министерот и НСП.
Зошто? тоа подоцна во исти услови при Техника Влада односно во 2020 година ,Министерот Оливер Спасовски НЕ дозволува да важат други Договори со Синдикати и Министерството , и како тоа може Министерот да се стави во улога како Премиер на Влада со повикување кон Закон на Влада цитирајќи ги Неосновано одредбите член 46 и 47 од ЗВ , донесува Одлука во име на Влада, па потоа во улога на Судија како од Надлежен Суд, поништува Писмен Договор склучен за регулирање на правото на Синдикат( СПМ) и не се дозволува односно Забранува натамошно спроведување на Законито склучен Писмен Договор помеѓу МВР и СПМ а се однесува за остварување на основните Уставни и Законити гарантирани работни права.

Прашуваме дали може Министерот, јавно да ни одговори поради што се пресметува со СПМ? или пак да ги образложи,објасни и оправда со факти наведените Незаконски постапки.
Министерот во моментот со поставување Над Институциите во Македонија е во позиција и на Виш Судија ,кој не признава Судски пресуди од надлежни Судови, односно веќе стана пракса дирекно да врши селекција и им Пресудува на вработените особено кон секој неистомисленик кој ја употребува слобода за изразување, реагира, укажува и бара реализација на работните права, веднаш се Казнува преку местење со попречување на професионалните кариери во МВР, а за тоа да се користи една од најомилените од повеќето Казни на еден од недозволените начини НЕЗАКОНСКИ да се ПРЕРАСПОРЕДУВААТ работници и тоа со помош преку Комисија за распоредување и унапредување во МВР, а која Несовесно и Нестручно постапува во работењето со Извршување и спроведување присилно Незаконски прераспоредувања а за ЦЕЛ понижување,малтретирање и вршење Притисок кон вработените.
Да се изјасни Министерот дали навистина е истовремено Премиер и Надлежен Судија? и дали со користење на овие Функции според постапките кои се спроведуват ни се испраќа пораката дека во иднина воопшто нема да се дозволи владеење на правото а ниту пак ќе биде дозволено да се бараат Права и Правда бидејќи од позицијата на Министер за внатрешни работи ни се става до знаање дека и ова е Можно.

