Самсунг меѓу технолошките гиганти вредни билион долари
Пазарната капитализација на обичните акции на компанијата Самсунг Електроникс преминала билион долари, со што станала втора азиска компанија според вредноста, после тајванскиот TSMC.
Самсунг Електроникс, најголемиот произведувач на мемориски чипови, забележал пазарна вредност од 1,500 билиони вони (околу 1,3 билиони долари) во раното тргување во Сеул, следејќи го силниот раст на акциите повразни со вештачката интелигенција во САД во текот на претходната ноќ.
Акциите на јужнокорејскиот гигант пораснал за 12 % до 09:52 по локално време, надминувајќи го референтниот индекс KOSPI, кој пораснал 5,4 %.
Истовремено, американските индекси S&P 500 и Nasdaq Composite достигнале рекордна вредност на затворањето во вторникот, поттикнати со растот на акциите и компаниите Интел и други фирми од секторот на вештачката интелигенција, додека инвеститорите реагирале на стабилизацијата на ситуацијата по примирјето помеѓу САД и Иран, како и на силните квартални резултати на компанијата.
Самсунг остварил рекорден профит во првиот квартал
Технолошкиот гигант Самсунг електроникс соопштил дека во првиот квартал остварил рекорден оперативен профит од 57,2 билиони вони (39,5 милијарди долари).
Тоа е за осум пати повеќе од истиот период минатата година и е над очекувањата на аналитичарите, пренел Ројтерс.
Приходите на компанијата достигнале 133,9 билиони вони (89,96 милијарди долари), што претставува раст од околу 70 % на годишно ниво, додека кварталната добивка ја преминала и вкупната заработка од цела 2025 година.
Растот на резултатите е резултат на силното работење во секторот на полупроводници, посебно во производство на мемориски чипови, кои бележат зголемена побарувачка среде глобалниот развој на центрите за подтоци за вештачка интелигенција (ВИ).
Компанијата навела дека очекува продолжување на силната побарувачка за серверска меморија и во другата половина од годината, со понатамошна експанзија во сегментот на меморија на висок проток, клучни за ВИ инфраструктурата.
Акциите на Самсунг по објавата на резултатите краткотрајно пораснале, но тргувањето го завршиле во минус, додека од почеток на годината и понатаму е во значаен плус.
Аналитичарите оценуваат дека 2026 година би можела да биде рекордна година за компанијата, со продолжение на растот на цените на мемориските чипови и ширење на примената на вештачката интелигенција.
Извор: b92.net

