Се влошуваат условите за работа во преработувачката индустрија
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во ноември 2021 година е намален за 0.2 процентни поени во однос на октомври 2021 година и изнесува 14.5, а во однос на ноември 2020 година е зголемен за 1 процентен поен, објави денеска Државниот завод за статистика.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2021, во однос на октомври 2021 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се непроменети.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, a поповолна во однос на ноември 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

