Синдикатот на железници не постигна договор, штрајкот продолжува
По запирањето на возовите и почеткот на штрајкот во железници се одржува средба помеѓу синдикатот на машинскиот и техничкиот персонал со раководството на железници. Договор не е постигнат и возовите ниту од утре нема да сообраќаат.
Инаку од денеска машинскио и извршниот персонал во железници започнаа со бојкот. Доаѓаат на работа но не ги извршуваат своите задачи се додека не им се исплатат заостанатте плати. Возовите се запрени бидејќи немаат земено плата втриот половина од јуни месец. Од менаџментот на железници им објансиле дека плата нема заради немање доволно сообраќај, но поради тоа што не се префрлени средства од Министертвото за транспорт.
Од Министерството за транспорт соопштија дека тие како ресорно министерство и Владата ги реалзираат своите обврски за непречено фунцкионирање на железничкиот сообраќај. Од почетокот на годинава по основ на поддршка на обезбедување на услуги биле префрлени 6,3 милини евра, а утре на седница на влада ќе се разгледува дополнително да се обезбедат уште 650 илјади евра.И покрај ваквата ситуација, дел од техничкиот персонал во МЖ Транспорт дополнително ја зголемуваат неликвидноста преку организирање на штрајкови и блокади на сообраќајот, велат од министерството за транспорт и врски.
МЖ Транспорт со години има финансиски потешкотии заради што владаат постојано вбризгува буџетски пари И покрај ваквите финансиски инјекции долгот од околу 70 милиони евра на овој загубар никако да се намали.
Извор: Канал 5

