Состојбата на пожарникарите со правата од работен однос
Состојбата на пожарникарите со правата од работен однос
Последниот период големиот број на пожари го вклучија алармот во однос на пожарникарството во нашата земја. Пожарникарството е работа од стручен и хуманитарен карактер од јавен интерес и тоа е дел од единствениот систем за заштита и спасување во Републиката.
Пожарникарите иако се во првите борбени редови за гаснење на еден од најзастрашувачките природни феномени кои го загрозуваат човекот, немаат основни плати ниту од 20.000 денари, а месечните доходи им се многу помали во однос на останати професии, за разлика од другите јавни безбедносни дејности, кај нив нема „стабилен работодавач“ бидејќи самите општини се тие кои одредуваат колку треба да им бидат платите.
Последните случувања дополнително покажаа дека механизацијата и опремата со која располагаат нашите пожарникари е во многу лоша состојба или пак недоволна. Тоа директно се однесува и на безбедноста и здравјето при работа на пожарникарите.
Постојаниот дефицит на пожарникари во службата претставува голема опасност, со оглед на тоа што тие кадри не се доволни да одговорат на потребите на граѓаните.
Минималниот број на професионални пожарникари во противпожарните единици треба да изнесува:
– во општините до 10.000 жители – девет професионални пожарникари,
– во општините од 10.000 до 15.000 жители – 13 професионални пожарникари,
– во општините од 15.000 до 24.000 жители – 17 професионални пожарникари и
– во општините со над 24 000 жители – еден професионален пожарникар на 1.500 жители.
Пожарникарите како една од најзначајните професии за заштита на државата постојано се соочуваат со голем број на прекршувања на работните односи, а особено и во услови кога пожарникарите се борат со гаснење на пожарите низ државата.
Тимот на Јуридика

