МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: За ССМ и МПС, нападот е најдобра одбрана!?

За ССМ и МПС, нападот е најдобра одбрана⁉️

До кога ќе ги обвинувате другите за вашите неуспеси? До кога вашите лаги и манипулации ќе ги величите како успех⁉️

Македонската јавност е жив сведок на се што се случува, Вашата работа како ССМ, како МПС, но и на нашата како СПМ во рамки на КСС. Не е изминато долго време откако КСС со сите свои членки излегуваше на протести за зголемување на платите. Се соочија со ненормален притисок од власта, но зачудувачки и од вас лично, ССМ и МПС како членка! СОНК беа единствените кои имаа можност и сила да ги издржат тие напади и беа доследни на целта. Тогаш вие, полтрончињата, почнавте отворена војна против СОНК со сите оружја што ги имате, во содејство со вашите партнери од власта. Не биравте ни начин ни зборови да го сузбиете штрајкот на СОНК. А зошто? Бидејќи по вашата извитоперена логика, тоа ќе беше неуспех за вас. А работникот ви беше најмалку важен, како и секогаш.

Но и покрај сето тоа, СОНК успеа и го оствари своето барање. СО ШТРАЈК®️

Не напаѓавте и не осудувавте и нас СПМ дека не сакаме подобрување на ситуацијата, дека работиме на штета на работниците со некакви наши РАДИКАЛНИ НАСТАПИ! И што се случи?

СЕ РЕШИВТЕ НА ПРОТЕСТ!

Не го подржавте нашиот, но си направивте свој®️

И почна претставата, почна една Македонска божествена траги-комедија. Па преговори, па реклами, па фалби, па има договор, па има покачување, па ЌЕ ИМА СЕ!!! Што би се рекло, ветивте БРДА И ДОЛИНИ. И што е најсимптоматично и вообичаено за вас, исто како актуелните власти, за ситуацијата во која се наоѓаме сите-обвинувавте други. За наталожените проблеми виновни се другите. НО НИКАКО ВИЕ!

Иако не го подржавте протестот на КСС!

Иако не осудувавте дека не е време за да се бараат пари заради кризата!

Иако на сите можни начини го саботиравте штрајкот на СОНК.

И сега кога вашите партнери Ве изиграа ( а можеби и тоа беше договорено помеѓу вас- тоа очигледно ) ВИЕ, КОИ ОСУДУВАВТЕ ПРОТЕСТИ ЗА ПЛАТИ, ВИЕ КОИ СУЗБИВАВТЕ ШТРАЈК ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ- ИСТИТЕ ВИЕ ОРГАНИЗИРАТЕ ШТРАЈК!!!

И тоа со мото: „БОРБА ЗА РАБОТНИЧКИ ПРАВА!НЕКОЈ СЕ БОРИ,НЕКОЈ НАВИВА!

Која иронија и манипулаторство,бе? Која храброст да најавите полууспешен штрајк?! И што потоа, пак ќе биде некој друг виновен?

Овој пат, ние од СПМ, како Синдикат на кој од секогаш работникот и неговите права ни биле прва и основна грижа и задача, ќе го поддржиме штрајкот.

Ќе го подржиме затоа што ќе биде само еден чекор напред кон остварување на една голема цел на СПМ- нашето барање до МВР и Владата за 1 ЕВРО-1 БОД за работниците во МВР!!!

СПМ смета дека линеарното покачување на платите во јавниот сектор од 2806 денари е недоволно и деградирачко, особено за вработените во МВР, бидејќи ние сме единствените од јавниот сектор кои не добија покачување на платите. И со ова линеарно покачување ќе добиеме најмалку и повторно ќе бидеме во незавидна положба заради сите поскапувања и инфлацијата во последните месеци. Просто речено и со тие 2806 денари, како да не сме добиле ништо. А за сметка на тоа, вие и вашите партнери ќе се испофалите дека сте ја покачиле платата во МВР и со тоа ќе му овозможите на нашиот нај министер да си закачи орден на градите како најзаслужен со своите привезоци од МПС!!!

Да ве предупредиме уште сега-ТОА НЕ ВИ ПОМИНУВА ПОВЕЌЕ!!!

ИАКО СЕ ПОВЕЌЕ Е ОЧИГЛЕДНО ДЕКА ПОКАЧУВАЊЕ ОД 2800 ДЕНАРИ НЕ Е ПЛАНИРАНО ЗА ПОЛИЦИЈАТА!

СО ЕДЕН ЗБОР : ЌЕ НЕМА !!!

Зар не го гледате тоа од изразот на лицето на втората слика на “лидериштето” од ССМ?

Но и покрај сето тоа, во овие кризни моменти кога и трошките се нешто, земајќи го во предвид и фактот дека МВР со нај министерот се глуви и слепи на барањата на СПМ и работниците, го поддржуваме јавно штрајкот за зголемување на платите во јавниот сектор, за разлика од Вас во ССМ и МПС кои не само што не ги поддржавте нашите напори, туку и не напаѓавте, не осудувавте и се уште не обвинувате нас и КСС за Вашите досегашни лаги, манипулации и неуспеси!!!

Оваа поддршка ја изразуваме јавно бидејќи врз основа на Закон за внатрешни работи и Колективен договор на МВР, не смееме како Полиција да учествуваме или да организираме штрајк во врме на активна кризна состојба. Со ова ги известуваме и припадниците на МВР дека штрајкот во МВР во овој момент е спротивен на закон – не ни може да го има!!!

Изразуваме искрена надеж дека овој пат, колку толку иако недоволно, работниците во јавниот сектор и МВР ќе добијат мал дел и сатисфакција од заслуженото!!!

И ДА БИДЕМЕ ЈАСНИ, СПМ СО ОВАА ПОДДРШКА НА ШТРАЈКОТ НА ССМ НЕ ОТСТАПУВА ОД СВОИТЕ БАРАЊА КОН МВР:

  1. 1 ЕВРО- 1 БОД,
  2. 100% РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР,
  3. ПОЧИТУВАЊЕ ЦЕЛОСНО НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР И СТОП ЗА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ,
  4. ИСПЛАТА НА ЦЕЛОСЕН МЕСЕЧЕН БИЛАНС НА ПРЕКУВРЕМЕНИ СААТИ.

Бидејќи работникот тоа го заслужува!

#синдикатнаполицијавомакедонија

#силанановотовреме

#КСС – Вашиот НАЈГОЛЕМ КОШМАР!

линк:

https://www.facebook.com/527157524133835/posts/2098062087043363/