МакедонијаСиндикат

СПМ: Успешно завршија првите спортски игри „Синдикална олимпијада на пријателство 2026“

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

Успешно завршија првите спортски игри „Синдикална олимпијада на пријателство 2026“

Петок – сонце, убавина… Фудбал, влечење јаже, пикадо, трчање… Сабота пола суво, пола дожд, финале фудбал на дожд без никакви повреди, шах….. вечерта забава која долго ќе се раскажува. Убавина.

Премногу убави луѓе, многу позитивна енергија. МЕРАК

Да направиш настан на вакво време-невреме, и да дојдат 120 членови на СПМ, како за прв пат – искрено не фаќа еуфорија и почит кон сите. ГОЛЕМА ПОЧИТ!

Искрено им благодариме на сите наши членови кои одвоија од своето време да дојдат, да го испочитуваат овој настан и секако со тоа да му дадат поддршка на СПМ како синдикат.

Дводневниот настан официјално и покрај сите најави за невреме, дожд, грмотевици, изгледаше полн со позитивна енергија, искрени поддржувачи и пријатели/членови на СПМ.

Ако ги собереме впечатоците на многумина присутни, можеме да констатираме дека ова беше навистина одлично организиран настан…

За да бидат нашите членови задоволни беше потребна добра екипа. Нашата екипа си го одработи своето. Организациски два ден деноноќно и макотрпно ги покрија сите задачи кои бе доделени и беа професионално одработени.

За пречек на нашите членови без задолжени нашите Виолета Милошевска и Лефкотеја Чафкароска Јанкулоска која впрочем одлично ги отвори и водеше спортските игри се до нивното прогласување на најуспешните, тука беше нашата Елена Москова која неуморно зема дел од организацијата, Дејан Габеров и Гоце Петров исто така.

Одговорноста за пречек на братските синдикати од Србија и Црна Гора и грижата се да биде како што треба овојпат му припадна на Миќи Михајлоски кој одлично и достоинствено го претстави СПМ.

А,за музиката …. за неа немаме никакви замерки, дечките од „Петрина бенд“ во прекрасна атмосфера одлично си ја сработија задачата. БРАВО…

Благодарност и до екипата на Skl Macedonia за ова и сите прекрасни видеа…РЕСПЕКТ!

Огромно БЛАГОДАРАМ до раководството на СВР Охрид и началникот Игор Смилевски….

Благодарност до Претседателот на КСС Благоја Ралповски и Претседателот на СОНК Јаким Неделков што беа дел од оваа успешна приказна….

Браво и за персоналот на Одморалиште МВР – Охрид, кои вложија надчовечки напори за секој на време да биде услужен. За превкусната храна зготвена од куварот Александар имаме само прекрасни зборови. Тука се Даниела, Воскре, Кире, Олег и шефот Бошко. РЕСПЕКТ!

Посебна благодарност до најхрабрите на планинарската тура искачување на врв „Магаро“ кои во најлоши временски услови сторија се за гордо на врвот да се вее знамето на СПМ.

Ако во минатите месеци имавме некои прашалници дали воопшто вреди да се вложи огромен труд, време, нервози, кавги, отсуство од дома, да се организира нешто вакво со сите маки, проблеми, незгоди, разно разни хејтери – јунаци на тастатура, сега знаеме дека ја имавме вистинската одлука.

Дали е најдобро, нај организирани или не, тоа воопшто не не засега, за тоа нека зборуваат сите учесници, наши членови.

Се гледаме наредна година, до тогаш, бидете здрави, грижете се за себе и вашите блиски, грижете се за МАКЕДОНИЈА!!

ДА ЖИВЕЕ СПМ!!

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!