МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

ССКО: Го поддржуваме и се приклучуваме на протестот на КСС!

   Време за читање 1 минута

Синдикатот на станбено – деловните, комуналните, локално-самоуправни,водостопанските,хотелиерство и угостителство и радиодифузните организации на РМ, го поддржува и се приклучува на протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС.

Од ССКО истакнаа дека битката за унапредување на работничките права е заедничка и поради тоа мора да биде сплотена и колективна, бидејќи сите работници, од јавниот и приватниот сектор, се соочени со прекршувања на нивните работнички права.

„Се приклучуваме на протестот во знак на револт против Владата и нејзиното непочитување на Законите, колективните договори и меѓународните конвенции на Меѓународната организација на трудот (МОТ) кои Македонија ги има ратификувано. Работниците се наоѓаат на работ од бездната која се нарекува сиромаштија“, велат од ССКО.

Од синдикатот подвлекоа дека Македонија како земја која претендира да биде членка на Европската унија, со девалвирањето на работничките права и разорувањето на синдикалното организирање преку прогони на синдикалните лидери, нивни отпуштања, притисоците кои се вршат врз нив и нивното незаконско распоредување, тешко дека Македонија ќе може наскоро да биде дел од оваа европска заедница.

На нивните членови им порачаа во знак на солидарност да се приклучат на протестот, како и да покажат непокор кон Владата којашто го руши синдикалното организирање.