ЕкономијаМакедонијаНовости

Стартап совет: „Освежување” на регулативата, поедноставување на процедурите, поттикнување на иновативноста и задржување на младите дома

   Време за читање 4 минути

Потребни се законски измени кои ќе овозможат брз развој на стартап системот во земјава и негово природно развивање. Актуелната регулатива тоа не го овозможува. Делува ограничувачки и не ги следи проемните. Изминативе три години покажаа дека креирањето успешна стратап приказна веќе не е недостижна цел ниту за Северна Македонија. Голем број млади луѓе, основачи на сопствени бизниси, потврдија дека може да се успее и од домашна адреса, дека имаме капацитет за иновации, креативност и претприемништвото, беше речено на денешната прес-конференција што ја организираше Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) по повод презентацијата на новоформираниот Стартап совет.

Целта на Советот е промена на политиките и редефинирање на тоа што е стартап, додека во фоксуот на  активностите ќе биде државата да се позиционира како региоанален стартап и иновативен хаб, како и да стане атрактивна дестинација за дигитални номади.

Претседател на Стартап советот ќе биде вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Членови во оваа фаза се Анета Пешева од МАСИТ, Дејан Алексов од Стартап Македонија, како и Ѓорѓи Рафајловски, Стефан Митевски и Бистра Кумбаровска од стартап заедницата.

Стартап советот останува отворен за сите кои ќе сакаат да се вклучат со свои идеи за да дадат конкретен придонес.

-КОВИД кризата не научи многу брзо да се менуваме и да дејствуваме. Нашата цел е да ја искористиме кризата за да ја трансформираме економијата, позиционирајќи ги стартапите како генератор на идниот економски развој. Си создадовме амбициозна агенда. Во првите 90 дена Советот ќе работи на план за промена на политиките, ќе редифинираме што е стартап, ќе ги лоцираме проблемите, ќе работиме на предлог-решенија и на законски измени, на поедноставување на административните процедури, на поголема едукација и отворање можности за вмрежување на македонските стартапи и развој на стратегија за социјално претприемништво. ФИТР поддржува над 300 стартап компании претежно основани од млади луѓе. Вложивме 28 милиноини евра од кои десет милиони се влог на компаниите. Овие бројки се доказ за потенцијалот за иновации, за креативноста и претприништвото. Но, тие се и мотивиација поддршката да ја подигнеме на ново ниво, рече директорот на ФИТР, Коста Петров.

Според претседателот на Стартап Македонија, Дејан Алексов, законите треба да ги постават рамките што ќе овозможат раззој на технологијата и на бизнисите.

-Дел од нашите законски одредби делуваат ограничувачки во овој поглед и не ги следат проемните. Очекуваме овој Совет да ја освежи таа регулатива која ќе ги следи потребите на стартап компаниите согласно со новот време, потенцира Алексов.

Претседателката на МАСИТ, Анета Пешева напомена дека Советот е одлична можност за задржување на младите, талентирани инженери дома.

-Нашата заложба е младите инженери што помалку да се иселуваат, а со овој проект ќе имаат можност да останат и тука да ја градат својата иднина, рече Пешева.

Кумбаровска, која е менаџинг партнер на компанијата Heartbeats Innovation & Communication со седиште во Виена,  оваа иницијатива ја гледа како исклучително битна можност за што поголемо поврзување на македонските стартапи во мрежи и со партнери и импакт инвеститори кои активно работат на „Целите за одржлив развој” (SDGs).

– На тој начин, не само што ќе ја интернационализираме стартап заедницата туку ќе позиционираме и една нова приказна за Северна Македонија, која сметам дека веќе се пишува од страна на многу нови бизниси, жени претприемачи или и социјални претприемачи, порача Кумбаровска.

Директорот на ФИТР на прес-конференцијата најави отворање неколку регионални хабови преку трансфорација на постоечки државни објекти. Процесот ќе почне, како што рече, од Македонското село кое ќе се трансформира во стартап село. Ќе се организира и стартап самит, а ќе се воведат и стартап амбасадори.