Новости

Транспортот на дел од вакцините против КОВИД-19 ќе се реализира преку УНИЦЕФ

   Време за читање 1 минута

На 30-та  седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за  вакцинацијата против КОВИД-19 која ги опфаќа подготвеноста на системот, улогата на УНИЦЕФ како Координатор на набавки во COVAX механизмот, директните преговори со производителите и со Европската комисија и земјите-членки на Европската унија.

Во врска со оваа точка Владата го задолжи Министерството за здравство да го извести Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) и УНИЦЕФ (преку претставникот на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија и Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ во Женева) дека Владата на Република Северна Македонија донесе одлука услугите поврзани со набавката на вакцини против Ковид-19 во рамки на COVAX механизмот во име на Република Северна Македонија да се вршат преку УНИЦЕФ, врз основа на позитивно мислење на Министерството за надворешни работи и Бирото за јавни набавки дека такво учество на УНИЦЕФ е можно согласно Меморандумот за разбирање помеѓу УНИЦЕФ и нашата земја од 2005 година.