Тренд на отпуштање работници од светските гиганти- дали ќе се преслика кај нас?
Тренд на отпуштање работници од светските гиганти- дали ќе се преслика кај нас?
Секојдневно светските гиганти како Дизни, Јаху и Амазон најавуваат отпуштање од неколку илјади до неколку десетици илјади работници со проекции од милионска заштеда. Веднаш кај нас се сфаќа сериозно трендот и се очекуваат отпуштања, а од друга страна се создава некоја тенденција кај работниците по секоја цена да ги задржат работните места, притоа прифаќајќи полоши работни услови, пониски плати, враќање пари на рака кај работовавач и што уште не.
Ајде да разграничиме дека: Македонија е мал пазар на кој светскиве гиганти не се присутни. Кај нас не се развиени всушност овие индустрии, така што многу и не треба да не засегаат од аспект на земање пример за кратење работни места за заштеда на компаниите. Можеби е во ред да се земе предвид аспектот на светската економија која е во пад, но сепак, како држава имаме можност да го задржиме нашиот пазар без отпуштање работници. Во Македонија треба да се зајакне позицијата на работниците од аспект на остварување и унапредување на нивните права и тоа со директна поддршка од страна на работодавачите. Во нашата економија продуктивноста ќе се подобри само преку мотивирање на работниците кон повисока продуктивност и кон истиснување на обемната администрација кон приватниот сектор. И второ, да се обезбеди соодветна државна поддршка за работодавачите со цел да им се помогне да ги задржат работниците и да останат конкурентни како на македонскиот пазар,така и надвор.
Проф. д-р Лазар Јовевски

