ПравдаСветот на работникот

Тренчевска за ВЕЧЕР: Мајките добиваат право на пауза за доење, татковците поголемо учество во чување на детето!

Министерството за труд и социјална политика го крчка новиот закон за работни односи, кој е усогласен со директивите на европското законодавство. Со законските измени, како што велат од ресорното Министерство, треба да се обезбедат повисоки работнички права, кои ќе бидат дел од новите колективни договори, ќе се овозможи флексибилно работно време, работа од дома, неполно работно време, се скратува работењето на определено работно време и бројни други придобивки за работниците. На новата законска регулатива интензивно се работеше четири години, а во јавните расправи, кои се во тек, вклучени се сите засегнати страни, како и синдикатите и работодавците. Топ- тема на овие дискусии е новиот начин на кој ќе се користи породилното отсуство, а  во кое ќе бидат вклучени двајцата родители. Се зборува дека мајката, по враќањето од породилно отсуство, ќе може да користи пауза за доење од час и половина во текот на работниот ден, која досега го немала ова право. По тој повод, разговаравме со Јованка Тренчевска, министерката за труд и социјална политика, која за весникот ВЕЧЕР вели дека при изработката на измените во делот на породилното отсуство, земени се предвид два аспекта. Едниот е подигање на наталитетот во земјава, а вториот е  запазување на родовата еднаквост.

Повеќе на Вечер