Трудовиот инспекторат утврди дека отказите во Комунална хигиена се незаконски
Трудовиот инспекторат утврди дека отказите во ЈП Комунална хигиена – Скопје се незаконски и го задолжи раководството на претпријатието да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи отказните решенија поради нивната незаконитост.
Информацијата вчера ја споделија од Сојузот на синдикати на Македонија и очекуваат дека Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена на седницата која ќе ја одржи денеска, да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати веднаш на работните места.
Отказите на триесетина вработени во Комунална хигиена следуваа откако директорката Мазнева обвини оти претпријатието било под заложништво на, како што рече, „мафијашки структури“, но поради заштита на лични податоци не сакаше да ги објави нивните имиња туку ги повика надлежните институции побрзо да постапуваат.

