Ултравиолетовото светло може да го спречи ширењето на Ковид -19, тврдат научниците
Научниците од универзитетот во Колумбија откриле дека одреден вид на ултравиолетова светлина, која ја емитира т.н. Far – UVC лампа, би можела да се користи во спречување на ширењето на коронавирусот во затворени простории, во кои најчесто и се пренесува.
Овој вид на ултравиолетово зрачење може да го убие вирусот, а да притоа не им нанесе штета на луѓето, но во случај само доколку се примени вистинска доза, покажало новото истражување, пренесува The Independent.
За да нема забуна, не се работи за истата замисла што на почетокот од пандемијата ја изнел американскиот претседател Донлад Трамп кога прашал дали е можно да им се вбризга на луѓето доза на средство за дезинфекција и да се изложат нивните тела директно на УВ светло.
Науката вели дека тоа не е добра идеја, бидејќи ултравиолетовите зраци во преголеми количини можат да бидат опасни и да имаат тешки здравствени последици.
Безбедно за луѓето
Научниците од Колумбија веруваат дека откриле начин за користење на УВЦ за убивање на вирусот и бактерии слични на ковидот, но на начин кој е безбеден за луѓето.
Студентите по стоматологија на американските универзитети често ја користат Far – UVC лампата за дезинфекција на воздухот во просториите. Научниците велат дека светлото убива 98 % од микробите во затворен простор за околу пет минути.
Far – UVC зраците имаат пократка бранова должина од обичните УВЦ зраци и лабораториските експерименти на човечки клетки покажале дека не ја оштетуваат нивната ДНК.
Давид Бренер, директор на Центарот за радиолошки истражувања на Колумбија, за CBS News рекол дека технологијата, која сега е во фаза на тестирање, би можела да се примени во авионите, училиштата, теретаните, аеродромите и големите канцеларии. Тимот на Бренер ја развил и тестирал Far – UVC лампата.
Цените на ламбите помали до 200 фунти (230 евра)
„Каде најчесто се пренесува ковидот? А каде грипот? Речиси секогаш во затворен простор. Мислам дека она што можеме да го постигнеме со Far – UVC лампата е речиси еднакво на излегувањето надвор на отворено“, рекол Бренер.
Со оглед на тоа дека атмосферата во потполност го апсорбира природниот УВЦ, од овие зраци на отворено сме сигурни. Бренер вели дека такви светилки можат да се вградат на уличните светла и дека истите би чинеле помалку од 200 фунти.
„Свесни сме за тоа дека секогаш ќе има нови соеви на вирусот кои се‘ уште не се стигнати до нас, но добрата работа кај Far – UVC лампата е во тоа што би требало да биде ефективна против сите видови на вируси“.
Научниците велат дека голема предност е и користењето на ултравиолетово светло во борбата против ковидот и тоа што не може вирусот да развие отпорност на него.
Ултравиолетовите светилки Far – UVC обично се користат за стерелизација на болнички соби кога пациентите не се во близина.
Извор: Index.hr
Screenshot: YouTube/余玮

