По барање на ЗЗРП Гласен Текстилец, беше направен вонреден инспекциски надзор во ДПТУ Или-Ана Гроуп ДООЕЛ Гевгелија, во која беа најдени повеќе недостатоци во работењето на фирмата и прекршувања на правата од работен однос.
За константираните недостатоци и неправилности, донесено е Решение со кое на работодавачот му е изречена инспекциска мерка Опомена и е задолжен по основ на одредбите од член 258 од Законот за работни односи во рок од 8 дена од прием на решението да ги отстрани неправилностите.
На сите вработени им се исплаќа плата помала од законски гарантираната минимална плата, исто така не се пресметува и исплатува додатокот на плата за минат труд.
На две работнички не им се исплатени плати за месец 06.2023.
Дадена е опомена да се води уредно евиденција на полното работно време.
Дадени се рокови за отстранување на неправилностите.
Апел до работниците да известуваат до здружението преку нашата FB страна и телефонски броеви за да бидеме ефикасни во заштитата на нивните работнички права.
Ова е уште една позитивна соработка меѓу Државен трудов инспекторат и Гласен Текстилец.