„Фактор анализа“: Кои се најголеми, а кои најуспешни компании во Охрид?
Економски мит е фразата дека Охрид е туристички бренд на Македонија. Тоа го покажуваат најновите податоци за економската „крвна слика“ на најубавот македонски град. Во најголемите десет охридски компании ниту една не се занимава со туризам. Исто е и со најуспешните, и таму нема ниту една хотелиерска компанија
Дали е Охрид град што живее од туризмот? Древниот центар на словенската писменост низ децениите изгради имиџ на туристички бренд на Македонија. Цркви, манастири, Варош, Потпеш, страотниот поглед од Канео, универзитетот на Свети Климент, куќата на Робевци, чудесните Трпејца, автокампот Љубаништа, фасцинантните извори на Дрим и безвременскиот Свети Наум, феноменалната тераса на „Инекс Горица“. Охридски бисери, уникатна староградска музика. Ресторанот „Далга“, клубот „Џез Ин“, погледот од Велестово… и уште што не… Но дали Охрид живее од туризам? Не! Во најголемите охридски фирми нема ниту една чија дејност е хотелиерство и угостителство…
Повеќе на Фактор

