ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Фатмир Битиќи ја објави својата зголемена плата: И во приватниот сектор ми беше голема

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е еден од ретките функционери на Владата кој ја обзнани јавно висината на својата нето-плата на инсистирање на новинарите.

Битиќи наведе дека сега добива 125.000 денари основна месечна нето плата. Со додатокот за минат труд, старата нето-плата на вицепремиерот, според она што е објавено на сајтот на Владата, изнесувала 71.762 денари.

– Основната полата е сличјна на сите министри, тој е коефициент кој го добиваме. Изнесува 125.000, а со додатоците е 127.000 денари. Но, треба да кажам дека јас само четири години сум во политиката и доаѓам од приватниот сектор, каде што исто така имав достоинствена плата, рече Битиќи.

Министерот за финансии Фатимир Бесими пред два дена потврди дека за април 2023 година му е исплатена плата повисока за 78 отсто, согласно одлуката на Уставниот суд. Како што информира на средбата со новинарите, досегашната плата му била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари.