Ампева: Работничките плачеле, три месеци без денар! – „Бараме да ни јават за кого шијат, па скандалот нека оди интернационално!“
Фејсбук статуси на Кристина Ампева:
Бидејќи Дама текс од Пробиштип немаат абер да пуштат плата ни за април ни за мај, а тече рок и за јуни, ние нашите можности со трудов и ујп ги искористивме, не можеме повеќе. Затоа бараме помош од работничките да ни јават во порака за кого шијат, со кого соработуваат па скандалот нека оди интернационално. Овакви фирми не треба да работат и не треба да мачат работници! Срам за една држава и срам за оние организации на работодавачи кои се жалат на немање на работници па увозот на граѓани од третиот свет им се гледа како солуција. Одете вака во нормална држава држете непријавени работници и не исплаќајте 2 и пол месеци плата. Газди биле бе. Беда, чемер, јад!!!

