Професорот Јовевски за сезонската работа – Што е правилно, а што погрешно толкување?
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
Тема: Сезонска работа
Сезонската работа е работа која поради својата природа, климатските или природните услови не се извршува во текот на целата година, туку само во одредени периоди – сезони, а која притоа не надминува осум месеци во период од 12 последователни месеци.
Доколу работникот по договор за вработување на определено време врши сезонски работи, односно работа во нееднакво распоредено работно време без прекин и тоа најмалку три месеца во годината и притоа одработи повеќе часови отколку што е одредено за работа со полно работно време, може да бара часовите да му се пресметаат во работни денови со полно работно време.
Пресметаните работни денови се внесуваат во работниот стаж на работникот, како да ги поминал на работа. При што вкупниот работен стаж во календарската година не смее да надмине 12 месеца.
ПРАВИЛНО е да се смета дека при откажување на договорот за вработување од деловни причини, на сезонските работници кои вршат работа до 3 месеци не им следува исплата на испратнина.
ПОГРЕШНО е да се смета дека ако работодавачот го откажува договорот за вработување на работник на сезонска работа истиот нема обврска да даден отказен рок, напротив отказниот рок во тој случај изнесува седум работни дена.
Проф д-р Лазар Јовевски
Фото: Приватна архива

