ПравдаСветот на работникот

Хаварија во фабрика во Атланта – шестмина загинати, работници се борат за живот

Најмалку шест лица загинаа денеска, додека повеќемина се повредени и хоспитализирани, откако дошло до истекување на течен азот во погон за пакување на храна во североисточниот дел на Џорџија, соопштија здравствените власти на таа американска сојузна држава.

– Причината за инцидентот сè уште не е позната, соопшти полицијата.

Пет луѓе загинале на местото на несреќата во фабрика во гратчето Гејнсвил, во близина на Атланта, додека едно лице им подлегнало на повредите в болница.

– Меѓу повредените има и најмалку четворица пожарникари, соопшти локалната пожарникарска служба.

Тројца од повредените се наоѓаат во критична состојба.