Црна Гора воведува седумчасовно работно време: „Ќе го унапредиме квалитетот на живот на нашите граѓани“
Подгорица се подготвува за една од најголемите реформи во областа на трудот.
Црна Гора се приближува до воведување на седумчасовно работно време, а за оваа најава информираше и премиерот на земјата, Милојко Спаиќ.
„По обемни разгледувања за тоа како да се најде модел што ќе ги задоволи и синдикатите и работодавачите, блиску сме до решение кога станува збор за воведување на работно време од седум часа дневно,“ истакна Спаиќ преку социјалната мрежа Икс.
Nakon opsežnih razmatranja kako da pronađemo model kojim bi bili zadovoljni i sindikati i poslodavci, možemo konstatovati da smo blizu rješenja u vezi uvođenja sedmočasovnog radnog vremena.
— Milojko Spajić (@MickeySpajic) May 23, 2025
Od početka naredne sedmice ministarka Naida Nišić rukovodiće razgovorima u okviru… pic.twitter.com/D54bxabmNq
Од следната недела, министерката Наида Нишиќ ќе раководи со разговорите во рамки на социјалниот дијалог со претставници на синдикатите и работодавачите, каде што ќе се дефинира финалната верзија на оваа реформа.
„Целта е преку широки консултации да се спроведе една од најголемите реформи во областа на трудот, која има за цел унапредување на квалитетот на животот на нашите граѓани и повеќе време за семејствата, но и поефикасна и попродуктивна работа,“ додаде Спаиќ.
Тој потсети дека реформата ќе се спроведува на сличен начин како програмите „Европа сега 1“ и „Европа сега 2“ – исклучително со согласност и поддршка од социјалните партнери.
Спаиќ изрази верба дека министерката Нишиќ ќе направи сѐ што е во нејзина моќ за да се постигне договор во оптимален рок, со цел да се исполнат очекувањата на граѓаните и да се зајакне положбата на сите вработени.
Иако во Европа не постои единствена мерка за оптималното траење на работната недела, во некои земји се разгледува можноста за воведување седумчасовно работно време или се нудат скратени работни часови за одредени категории граѓани, како што се жените или родителите.
Според податоците на Евростат, најмногу се работи во Грција (39,8 часа неделно), Романија (39,5), Полска (39,3) и Бугарија (39 часа). Од друга страна, најкратка работна недела има Холандија (32,2 часа), а веднаш по неа следуваат Австрија (33,6) и Германија (34 часа).
Извор: EUpravo

