Чифлиганец го сели бизнисот во Србија и Грција, а еве зошто го прави тоа
Македонската градежна компанија Адора Инжинеринг ја сели работата од матичната земја во Србија и Грција.
Причината, како што вели Генералниот директор Ванчо Чифлиганец, е неповолната бизнис клима во Македонија.
„Додека во Македонија не се созаде поволна бизнис клима во градежинштвото, Адора Инжинеринг ќе работи вон границите на земјата“, рекол Чифлиганец во интервју за порталот Фактор, додавајќи дека едена од причините за преселувањето е неможноста да се гради во скопската општина Центар во која постоел мораториум за изградба на нови објекти.
Според него, макро развојот на Македонија не е возможен без микро или локален развој на општините.
„За македонската економија не постои ништо поважно од тоа стопанствениците да работат, бидејќи така се полнат буџетите и на општините и на државата“, истакнува Чифлиганец кој се надева дека општината Центар ќе „покаже зрелост“ и дека сите институции, вклучувајќи ги општинските власти, ќе ги почитуваа судските одлуки, со оглед на тоа дека Уставниот суд неодамна го укинал Мораториумот.
Чифлиганец вели дека целиот комплекс ќе работи во форма на хотел, со кој ќе управува новата компанијата Адора Хоспиталти Група, пренесува порталот Фактор.
Тој открил и дека компанијата работи на два проекти во Грција, од кои еден е на Халкидики. Веќе има изградени вили кои се на продажба, а оваа година започнува и проектот на остравот Тасос каде ќе се градт две стамбени згради, при што стамбените едници ќе бидат наменети за издавање, а дел ќе бидат на продажба.
Фото: Pixbay

