МакедонијаСветот на работникот

Чкламовска: Доколку работникот не го искористи годишниот одмор пред престанокот на работниот однос, работодавачот е должен да му даде потврда за тоа

Вчера налетав на текст во кој се споменуваше дека во Германија работодавачот е должен да му даде потврда за користење на годишниот одмор на работникот кој не го искористил истиот пред да му прекине работниот однос.

Поттикнат од овој текст, решив да ја прашам мојата долгодишна соработничка Билјана Чкламовска, која е искусен консултант за корпоративно и работно право и човечки ресурси, за тоа каква е праксата кај нас.

Нејзиниот одговор го читате во целост:

„Според нашиот Закон за работни односи, работникот е должен да го искористи годишниот одмор или преостанатите денови од годишниот одмор, од работодавачот кај кого што го стекнал правото на негово користење, што значи ,ако ова е должност на работникот, тогаш работодавачот мора да му го даде одморот на работникот во целост, пред престанокот на работниот однос.

Доколку  работникот не го искористи годишниот одмор пред престанокот на работниот однос, тогаш работодавачот е должен да му даде потврда за неискористениот дел од одморот.

Ако на работодавачот тој работник му е потребен на работа до крајот на работниот однос или додека не си најде друг човек за тоа работно место, тој може да не му одобри користење на годишниот одмор  на работникот. Во таков случај работникот има право да побара паричен надомест за неискористениот дел од одморот, но само ако работниот однос престанува без негова волја или вина.“

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk