МакедонијаСиндикат

ЧЛЕНСТВОТО НА СОНК НЕ ДАДЕ „ВИЗА“ ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ

На ден 16.05.2025 година, Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК ја одржа својата 38-ма редовна седница, на која расправаше и ги анализираше забелешките од јавната расправа по однос на колективните договори за основното и средното образование.

Преку забелешките од јавната расправа, членството изрази незадоволство и упати јасна порака за непотпишување на колективните договори.