Вести

„Шате Керамика“ одбележа 31 година – од семејна приказна до бренд што обликува ентериери

Компанијата „Шате Керамика“ одбележа 31 година постоење со ексклузивен настан кој се одржа во просториите на компанијата, спојувајќи уметност, бизнис и семејна традиција. Настанот беше посветен на повеќе од три децении визија, иновации и континуирано градење на простори што оставаат трага.

Од мала семејна приказна, компанијата денес прерасна во еден од препознатливите лидери во индустријата за ентериер и керамика, со јасно изграден идентитет базиран на квалитет, доверба и долгорочни партнерства.

Во поздравниот говор беше истакнато дека клучот на долгорочниот успех лежи во конзистентноста на вредностите.

„Растевме, се менувавме и се прилагодувавме низ годините, но никогаш не ги променивме нашите основни принципи – фер цени, квалитетна услуга и квалитетни производи за нашите потрошувачи“, беше порачано пред присутните.

Свеченоста понуди внимателно осмислена програма која ја истакна креативната и иновативната страна на брендот. Посебен впечаток остави уметничкиот перформанс на уметникот Ковски, кој преку „жива уметност“ на модели ја пренесе текстурата на мермерот, симболизирајќи ја мисијата на компанијата –  претворање на суровата материја во уметност што трае.

Како дел од настанот беше прикажана и ретроспективната видео-приказна „31 години Шате“, која ги сумираше најважните моменти од развојот на компанијата низ генерациите на семејството, нагласувајќи ја еволуцијата и континуитетот на брендот.

Во фокус беше и иднината на компанијата, при што менаџментот во состав Билјана Гочевска, Фросина Додевска и Александар Гочевски ги претстави стратешките насоки за понатамошен развој, со акцент на иновации, проширување на меѓународните пазари и модернизација на продажниот пристап.

Во рамки на настанот беа доделени благодарници на најлојалните соработници, вработени и стратешки партнери – домашни и странски брендови, како признание за нивната долгорочна поддршка и доверба, кои се темел на растот на компанијата.

Гостите имаа можност да уживаат во уникатно „времеплов“ искуство низ историјата на компанијата, надополнето со live cooking концепт со шпански и италијански корнер, signature коктели и музичка програма со Пламенка, Ивона Јо и ConturDJ, што создаде современа, енергична и свечена атмосфера.

Со ова одбележување, „Шате Керамика“ уште еднаш ја потврди својата позиција како бренд кој континуирано се развива, иновира и гради долгорочни односи, останувајќи верен на својата мисија – создавање квалитетни и естетски простори што траат.