Останато

Јандреоски избран во Одборот на директори на светското здружение на раководители на аеродроми

Извршниот директор на црногорскиот аеродром, Горан Јандреоски, е именуван за член на Одборот на директори на Меѓународното здружение на раководители на аеродроми во светот (IAAE).

Именувањето на Јандреоски за член на Одборот на директори на IAAE е многу значајно за размена на искуства и едукација на вработените во црногорскиот аеродром и во нивниот професионален развој. „Важно е што нашата компанија и црногорскиот воздушен сообраќај ќе добијат можност да се претстават пред големиот број членови на ова здружение, односно компании и поединци од воздухопловната индустрија“, велат од Аеродроми на Црна Гора.

Јандреоски, минатата година, стана директор на аеродромот во Подгорица. Претходно работеше во ТАВ Македонија и неколку години успешно менаџираше со Агенцијата за цивилно воздухопловство во земјава. Неговото назначување на оваа позиција е важно за целиот регион, а во здружението членуваат уште Тончи Пејовиќ и Игор Штимиќ од Хрватска.

Јандреоски е избран за член на последниот состанок на Меѓународното здружение на раководители на аеродроми во светот (IAAE).Повеќе информации за IAAE:

https://www.aaae.org/aaae/IAAE/Home/IAAE/Default.aspx?hkey=d9b6e603-3884-4f1b-96bf-90f915e54214