Јовановски за Работник: Целата смена во која бил заболениот затворски полицаец е изолирана, се чекаат резулатите од тестирањата
Пред околу три дена во КПУ Затвор – Скопје се појави случај на заболен од коронавирус помеѓу вработените. Стојче Јовановски, Претседател на Синдикатот на Затворите при САДУ во интервју за Порталот Работник вели дека сите негови колеги од смената на заболениот се изолирани и дека се чекаат резулатите од тестирањата…
Во продожление прочитајте го целосното интервју.
Работник: Каква е ситуацијата во КПУ Затвор – Скопје во ек на пандемијата на Ковид – 19 вирусот?
Јовановски: Моментално во КПУ Затвор Скопје-Скопје имаме затворски полицаец заболен од КОВИД-19 официјално потврден случај. Од страна на Затворските власти се спроведуваат мерки согласно протоколите за заштита при работа и согласно препораките на епидемиолозите при што една смена е изолирана односно смената во која што бил заразениот колега и истите се испратени да направат тест за КОВИД-19, па ќе видиме после разултатите што ќе покажат и согласно тоа највероватно ќе се преземат соодветни мерки.
Работник: Неодамна како синдикат побаравте да им се даде награда на вработените во затворите. Дали стоите сеуште на овој став? Зошто според Вас, вработените во затворите треба да добијат парична награда?
Јовановски: Точно е дека ние како Синдикат на Затворите побаравме награда за вработените во Затворите и да се уште стоиме на тој став. Вработените во Затворите не се обична администрација кои за време на кризата работеа делумно односно една недела беа на работа една недела дома додека кај нас работниот процес не престана и несмее да престане, за да лицата кои издржуваат казна затвор или мерка притвор не им се занемарат правата кои им следуваат.
Светската здравствена организација вели дека луѓето лишени од слобода, како што се луѓето во затвор и притвор, се поранливи на појава на коронавирусна болест (КОВИД-19). Луѓето во затвор живеат во околини во близина и на тој начин може да дејствуваат како извор на инфекција, засилување и ширење на заразни болести во и надвор од затворите.
Како што се шири пандемијата, одговорот на КОВИД-19 во затворите и другите места на притвор станува се поголем и предизвикувачки и бара пристап на целото општество. Напорите за контрола на КОВИД-19 во заедницата најверојатно нема да успеат доколку не се спроведат силни мерки за превенција и контрола на инфекција, тестирање, третман и нега во затворите и другите места на притвор.
Здравјето на затворите е дел од јавното здравство, така што никој не останува зад себе. Како дел од одговорот на јавното здравство, СЗО работеше со партнерите да развие пакет нови материјали за подготвеност, превенција и контрола на КОВИД-19 во затворите и другите места на притвор.
Па по сите наши напори да го спроведеме сето тоа горе изнесено, мислиме дека треба да следи награда за трудот на тие што не ги користат мерките и одат на работа, а од наша страна беше побарано односно ваквото барање произлезе откако се објави дека награда ќе има за други институции, без притоа да ги спомнат вработените во затворите, но кога се зборува за кратење на платите веднаш се присетуваат дека во затворите треба да се намалат платите.
Дали се почитуваат мерките за заштита од Ковид – 19 во затворит? Има ли поплаки од страна на ваши членови за непочитување на истите?
Јовановски: Да во КПУ Затвор Скопје се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19 и до сега од страна на членовите на синдикатот нема поплака за непочитување на мерките.
Работник: Што е со мерките кои ги опфаќаат вработените, како ослободување од работа на вработени кои имаат деца до десет години, хронично болните и бремените жени? Дали има некоја поплака за прекршување на овие мерки од страна на раководството на КПУ Затвор – Скопје?
Јовановски: За мерките кои ги опфаќаат вработените како што е ослободувањето од работа исто така нема поплаки од страна на членовите бидејќи сите што ги следува се ослободени од работа, а секторот затворска полиција не ги опфаќаат овие мерки бидејќи спаѓаме под безбедносни сили, но и од тој сектор имаме мал број на затворски полицајци ослободени бидејќи сопружниците им работат во здравство, полиција или армија, па така ги опфаќаат и нив.
Работник: Дали Вие како синдикат имате дополнителни барања? Доколку да, кои се тие?
Јовановски: Да ние како синдикат имаме барања. Еве на пример ќе го спомнам барањето за воведување на 24 часовна смена во затворите како што се работело до 2006 година од причина што ние како синдикат сметаме дека од кога е сменето тоа работно време работите во затворите одат на полошо. И друга причина со 24 часовно работно време би се избегнале контактите со останатите смени и тоа ќе доведе до превенција на ширење на вирусот КОВИД-19.
Работник: Што е следно на синдикален план?
Јовановски: Морам да напоменам дека сега соработката на синдикатот откако е Есад Рахиќ Директор со Затворската управа е многу подобрена во однос на неговиот претходник кој ги прекрши сите права што може да му следуваат на синдикалниот член или претставник (поведување неосновани дисциплински постапки, незаконски деградации, принудување на откажување од нашиот синдикат, фаворизирање на други синдикати и.т.н) и во однос на управата на извршување на санкции кои имаат тотален игнорантски однос кон нашиот синдикат, не се ни одважуваат да ни одговорат на нашите барања, било да е позитивен одговор, било да е негативен одговор, па од овде произлегува и одговорот на последното прашање, а тоа е задно со синдикатот на администрација и државната управа на Македонија САДУ, на кој ние сме членови и врз кои исто така имаше доста притисоци се поведуваат соодветни постапки пред меѓународниот суд за човекови права за гореспоменатите прекршувања, и сето тоа е подржано од европскиот синдикат кој отвараше и канцеларија кај нас и е запознаен со проблемите со кои се соочуваме ние како синдикат.
Бобан Илијевски

