МакедонијаПравдаСветот на работникот

Музичарите ќе излезат на мирен протест

На мирен протест во среда во 14 часот ќе излезат музичарите и уметниците, бидејќи со новите одлуки се забрануваат нивни настапи во угостителските објекти, со што директно се врши удар врз нивната егзистенција.Иницијативата започна на социјалните мрежи, а ја потврди и  Владимир Блажев Панчо, велејки дека е време и тие да излезат на улица да го покажат својот револт, пренесува ТВ24.

„Верувам дека ќе трае, ќе има многу бендови, ќе свириме без пари,ќе бучиме со појаки децибели, колку е нормално кога се свири, па нека не апсат, ова повеќе не се издржува.“ – вели тој.