- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

250 луѓе дневно ги губат своите работни места

250 луѓе дневно - Работник
96views

Епидемијата на коронавирусот тешко се одрази на економијата и со нестабилноста на работните места. Но, за разлика од европските држави кои даваат неповратни финансиски субвенции на оштетените компании и вработени, во Македонија надомест за штетите нема и цената ја плаќаат сами фирмите и оние кои загубиле работа.

Од почетокот на коронакризата во Македонија секој ден над 250 граѓани го губат работното место.

Advertisement

Според истражувачкиот проект Рефлектор а врз основа на податоци од Заводот за вработување за пет месеци од април до 24 август бројот на луѓе што активно бараат работа е 36.362.

Advertisement

Предходно Рефлектор во Јуни објави дека во првите два месеци од почетокот на Ковид19 кризата (април и мај) без работа останале над 12 илјади луѓе што значи дека во јуни, јули и август во просек без работа остануваат околу 8000 луѓе.

Вкупната бројка на луѓе кои според Заводот за вработување активно бараат работа во земјава односно се сметаат за невработени е 144,094.

Со оглед на трендовите во туризмот, индустријата и услугите оваа бројка се очекува да се зголеми драматично во текот на есента и зимата.

Advertisement