Вести

3 месеци живеел на аеродром бидејќи му било страв да се врати дома поради Корона вирусот

Еден човек од Калифорнија 3 месеци живеел на аеродром во Чикаго бидејќи се плашел да оди дома поради Корона вирусот. На никому не му е јасно како успеал толку долго да остане незабележан.

Адита Синг (33) е уапсен и обвинет за лажно претставување и кражба на помалку од 500 долари. Тој живеел на аеродромот од средината на октомври до средината на јануари, а низ аеродромот се движел со помош на пропусницата која ја украл од еден до вработените. Адита Синг бил фатен од чуварите така што тие го легитимирале и идентификувале дека документот е пријавен како украден.

Адвокатот на Адита Синг изјавил дека се плаши од Ковид вирусот и дека не сакал да оди дома, а храната му ја давале патниците на терминалите.

Досега Адита Синг немал никакво кривично досие. Судот му одредил кауција од 1000 долари, под услов веќе никогаш да не влегува на аеордромот О’Хара, еден од најпрометните аеродроми во светот, кој пред пандемијата низ аеродромот поминувале во просек 84,6 милиони патници. 

Извор: kurir.rs

Фото:  kurir.rs