ЕкономијаСветот на работникот

3 Најбарани вештини за работа во иднината

Дали планетата Земја во наредните децении ќе стане позелена зависи од тоа колку ќе останеме доследни на тој пат, а пресудна улога во тоа ќе одиграат младите кои веќе сега се во позиција да со избирањето на идната професија дадат свој придонес кон остварувањето на таа цел.

Иако така не делува, човештвото наголемо зачекорило во зелената иднина – обновливите извори на енергија стануваат подоминантни, на улиците има се повеќе еколошки возила, а од ден во ден се отвораат нови „зелени работни места“.

Програмата за заштита на животната средина на Обединетите Нации (УНЕП) неодамна ги објавила листата на најбарани вештини кои можат да ги насочат младите кон избирање на некои од „зелените“ занимања, пишува Енергетски портал.

Системско размислување

Иако оваа вештина е посакувана на поголемиот дел од работните места, без разлика дали „зелени“ или не, системското размислување од оваа година се повеќе ќе се цени за да можеме адекватно да одговориме на енергетската транзиција.

Во иднина ќе бидат отворени нови работни места чија цел е подигнување   ефикасноста, одржливоста и пронаоѓање секогаш нови решенија, а поединците кои ја имаат развиено оваа вештина ќе бидат барани.

Креативни вештини

На родителите во главно „им се крева косата на главата“ кога детето ќе им соопшти дека сака да се занимава со уметност, макар што и ова сценарио, судејќи по предвидувањата на УНЕП, наскоро ќе се промени.

Дизајнерите, музичарите, режисерите, актерите и останатите креативци кои имаат моќ да инспирираат луѓе ќе одиграат важна улога во зелената трансформација на планетата.

Наука

Склоноста кон науката е вродена, а понекогаш своето образование го насочуваме во таа насока бидејќи сакам добро платена и стабилна работа.

Во секој случај, се очекува дека науката уште повеќе дека ќе се цени во иднина, особено екологијата, хидрологијата, геологијата, метеорологијата, биохемијата, како и други дисциплини кои се важни во борбата против климатските промени.

Извор: Блиц.рс

Фото: Unplash