3 Јасни знаци дека е време за нова работа
Не е лесно да направиш чекор напред, но понекогаш е најздравата одлука што можеш да ја донесеш. Доколку се продаоѓаш во некои од овие знаци, размисли дали твоето работно место е она во кое се гледаш на долг рок. Не оставај времето да ја направи твојата одлука.
1. Веќе не растеш и не се развиваш
Работата ја знаеш „на слепо“, сè ти е рутина, а нови предизвици – никаде на повидок. Колку и да изгледа удобно, стагнацијата на долг рок те заморува и ја гаси мотивацијата.
👉 Време е да побараш средина каде ќе учиш, ќе растеш и ќе блескаш.
2. Не си во согласност со менаџерот
Твојот шеф има сосема поинаква визија од тебе – и уште полошо, не вложува во твојот развој. Ако нема простор за преместување или промена, ова може сериозно да го кочи твојот раст.
👉 Здрав однос со лидер е основа за напредок – ако го нема, време е за нова насока.
3. Културата е токсична
Озборувања, недоверба, прекршени граници… Звучи познато? Ако околината ти ја троши енергијата повеќе отколку што ти дава, тоа е големо црвено знаме.
👉 Запомни: токсична култура никогаш не вреди. Побарај место што те поддржува, не исцрпува.
Запомни – твојата кариера е твоја одговорност. Доколку не растеш, не се чувствуваш слушнат или не можеш да веруваш на луѓето околу себе… можеби е време да им кажеш: „Фала, следен!“
Извор: Кариера

