57% од вработените планираат промена на работното место во 2023 година – Како да ги задржите?

Време е за покачување на платите на вашите вработени – Како правилно да го одредите буџетот за плати?

Скап животен стандард, двоцифрена инфлација, енормен пораст на цените на енергенсите, вртоглав раст на трошоците на компаниите, е состојба која не го одмина ниту едно семејство, ниту една индустриска гранка, ниту една компанија.

За да преживеат, многу компании ги покачија цените на производите и услугите кои ги нудат. Но, дали ги покачија и платите на своите вработени?

Во рамките на Регионалниот саем за вработување, чија цел беше да се утврди состојбата на македонскиот и регионалниот пазар на труд направивме големо регионално истражување, во кое се приклучија и партнерските портали од регионот MojPosao – Хрватска, MojPosao.ba – БиХ, Infostud – Србија, и Deloglasnik – Словенија.

Во истражувањето учествуваa повеќе од 5.700 испитаници, од кои 1.000 испитаници од Македонија.

Во Македонија, висината на платата е примарен фактор при избор на работа, според 68% од испитаниците, а добрите добрите меѓучовечки односи се на второ место (62%).

Ги прашавме учесниците во истражувањето и Дали нивната плата е во чекор со инфлацијата, односно дали добиле покачување оваа година? Дури 67% од испитаниците не добиле покачување на платата во 2022 година и покрај инфлацијата и зголемените трошоци за живот.

Уште еден тренд кој сигурно е во корелација со претходната состојба, е резултатот кој покажа дека дури 57% од вработените учесници во истражувањето од Македонија планираат да го променат сегашното работно место во следната година.

Знаејќи колку заминувањето на еден добар работник може да ја чини компанијата, наш совет до сите компании е што поскоро да превземат превентивни мерки за да ги задржат талентите.

Како?

Резултатите од оваа анализа јасно укажуваат на важноста на висината на платата за учесниците на пазарот на труд во земјава, нивното незадоволство и желба да го напуштат актуелниот работодавач, како и состојбата со стагнацијата на платите, во услови кога трошоците за живот секојдневно се зголемуваат.

Време е за покачување на платите на вашите вработени – Како правилно да го одредите буџетот за плати?

Податоците од Mojaplata.mk – Најголемата база со плати од 20.000 реални корисници од Македонија ќе ви помогнат да ги усогласите очекувањата за плата на потенцијалните и сегашните вработени со вашите можности за плаќање и на едноставен начин, самостојно да го подготвите буџетот за плати.

Алатката за плати е наменета за професионалци кои треба да ги одредат платите на вработените. Таа ви дава доверба при носење на стратешки одлуки благодарение на информациите кои доаѓаат директно од пазарот на трудот и го заштедува вашето драгоцено време.

Извор; Вработување,мк