7 РАБОТИ ШТО МУ СЕ СЛУЧУВААТ НА ВАШЕТО ТЕЛО ако ја МРАЗИТЕ вашата работа
Многумина од вас, претпоставуваме, не ја сакаат својата работа или можеби дури ја мразат, а со тоа се и незадоволни од истата. Не знаеме дали имате некаква идеја за ова што ќе го прочитате во продолжение, но сигурни сме дека ќе се согласите со истото.
Српскиот портал BIZlife.rs пишува дека покрај незадоволство, не-сакањето и мразењето на работата може да создаде физички и ментални симптоми кои влијаат на здравјето и животот на други начини.
Ваквата состојба, како што наведува порталот, може да влијае на вашата благосостојба и на односите со луѓето на работното место и надвор од него, а кога се жените во прашање, може да влијае и на нивниот менструален циклус.
Покрај ова, постојат и други симптоми кои можете да ги имате. Ви издвојуваме 7 од нив.
- Главоболка
Незадоволството на работното место може да создаде главоболки, па дури и мигрени. Станува збор за тензични главоболки кои настануваат кога вашето тело се стега и влијае на дотокот на крв во мозокот. Овие главоболки може да биде последица на незадоволството на работното место.
- Зголемување на телесната тежина
Ако не сте задоволни од работата, веројатно ќе забележите зголемување на телесната тежина. Ова може да биде последица од повеќе фактори. Прејадувањето е вообичаен механизам за соочување со стресот кон кој се прибегнува кога сте незадоволни од кариерата и не сте мотивирани да вежбате по исцрпувачкиот ден на работа.
- Уморни или болни мускули
Кога сте несреќни и чувствувате напнатост, вашите мускули несвесно се грчат. Згрчените мускули можат да доведат до други телесни болки, како болку во грбот, рамената и други болки во мускулите и зглобовите. До тоа доаѓа кога човек ќе се најде во стресна средина во која е навистина тешко да се опушти.
- Несоница
Екстремниот стрес и незадоволство можат да доведат до губење на сонот. Можеби ќе ви биде тешко да го опуштите телото и умот и да се наспиете за да се чувствувате одморни. Недостатокот на сон може да придонесе и да ги засили другите симптоми поврзани со стресот, како главоболките и менталниот замор.
- Ментален замор
Недостатокот на сон, заедно со дополнителниот стрес, можат да направат вашиот ум да се чувствува преморен. На ист начин на кој можете да го искусите физичкиот замор, можете и менталниот. Менталниот замор може да биде потполно исцрпувачки и да предизвика да почувствувате симптоми слични на согорувањето. Менаталниот замор може да го отежни и фокусирањето и продуктивноста, бидејќи никогаш не се чувствувате одморено или енергично.
- Ослабен имун систем
Ослабениот имун систем може да доведе до лесно разболување. Не само што се повеќе изложени на зараза од вируси како настинка, воспалено грло, грип, стресот и незадоволство можат до доведат до тоа нечие телот да бара подолг период на заздравување отколку што е тоа вообичаено за вирусите.
- Нередовни менструации и симптоми на менопауза
Под стрес, жените можат да доживеат неправилност во менструацијата. Тие можат да бидат и потешки, а грчевите многу поболни. Додека жените кои поминуваат низ менопауза можат да имаат засилени симптоми.
Извор: BIZLife
Фото: Pexels

