ПОСТАВЕТЕ МУ ГО ОВА ПРАШАЊЕ НА РАБОТОДАВАЧОТ ЗА ДА ДОЗНАЕТЕ КОЛКУ Е СИГУРНО ВАШЕТО РАБОТНО МЕСТО
Подготвил: Бобан Илијевски
Се наоѓаме во период кога не може да се предвиди дали и кога човек ќе остане без работа.
2023 година започна со масовни откази во технолошкиот сектор, финансиите и секторот на недвижности, а тоа ги натера некои економисти да излезат со предупредувања дека се ближи рецесија, пишува CNBC.
Поновите вработени често се први „на нишан“ кога некоја компанија треба да го намали бројот на вработени за време на рецесија, со оглед на тоа дека поголемиот дел од нив ја следат онаа, да речеме, формула која гласи: „последен влезен, прв излезен“.
Доколку барате нова работа, можеби се грижите што ова значи за вас, но поставувањето на вистинските прашања за време на интервју за работа може да ви каже многу за сигурноста на вашето работно место во компанијата.
Берт Бин е извшрен директор на Insight Global, една од најголемите компании кои помагаат при вработување во ИТ секторот во САД. Тој ги советувал менаџерите и кандидатите како да се справат со „турбулентниот“ пазар на на труд.
Интервјуто за работа, вели тој, е најдобра алатка што можеш да ја искористиш за да „намирисаш“ дали работното место во компанијата во која сте аплицирале е сигурно.
За да го дознаете тоа, на интервјуерот треба да му поставите само една прашање: „Колку ова работно место е блиску до клучните функции кои ги извршува компанијата и дали ќе работам на проекти кои се од критична важност за компанијата?“
Одговорот треба да открие кои се моменталните приоритети на компанијата и колку работното место соодвествува со нивните цели. Доколку работното место е поново или експериментално, во оддел кој едвај опстојува, тоа може да биде „црвено знаме“, вели Бин.
„Во тешки времиња, кога бизнисите се под притисок да го пресретнат таргетираниот профит, ќе направт се што можат за да не ги отпуштат луѓето кои им помагаат во тоа“, објаснува Бин. „Затоа гледаме дека голем број на регрутери се отпуштаат од технолошките компании. Нивните работни места не се сметаат за критично важни за бизнисот“.
Исто така, треба да обрнете многу внимание и на тоа како менаџерот за вработување ве третира низ процесот на регрутирање: Дали изгледа дека се воодушевени да ве вработат, или дали вработувањето за нив е обична задача? Дали ги контактираат кандидатите навремено или тие мораат да ги бараат неколку пати за да добијат одговор?
„Бидете внимателни… Сите овие се значи на апатична компаниска култура“, вели Бин. „А, тоа не е добро место за работа“.
Извор: CNBC
Фото: Pexels

