МакедонијаСветот на работникот

Зошто се случува илјадници работници да не ги земат платите навреме?

За јануари месец оваа година, 83,000 работници не добиле плати. Во јули пак, 11,000 работодавачи не исплатиле бруто плати и придонеси. Зошто се случува ова?

„Нередовната исплата на платите во Македонија, не е нов проблем. И во минатото многу компании не успеваа навреме да ги исплатат платите. Новиот софтвер во УЈП, т.н. МПИН стави некој ред во исплатата, но УЈП реагира само за наплатата на данокот и придонесите, а не и за нето платите“, вели Претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, во разговор со Порталот Работник.

Тој вели дека податоците покажуваат оти бројот на работници кои не земаат плата се зголемува, што е знак за влошување на финансиската состојба на компаниите.

Според него, причините за ненавремено исплаќање на платите се разновидни:

  • Низок почетен капитал,
  • Нарушена ликвидност, меѓусебните плаќања и падот на дејноста
  • Губење на конкурентската способност на пазарот и сл.

„Ако се работи само за нередовната наплата на побарувањата од должниците, можеби се работи за краткорочен проблем, но ако претпријатието има проблем со обезбедување на работа и ги губи пазарните позиции кои порано ги имало, тогаш тоа е голем проблем и подобро е да се реши веднаш“, вели Димитров.

Предупредува дека секое развлекување на состојбата ќе предизвика нови долгови и разочарани доверители, меѓу кои и работниците за нивните неисплатени плати. Поради тоа подобро е да се направи анализа за причините за да може да се преземат мерки, отколку да се бара виновникот.

За потсетување, Македонија се соочува со недистог од 10,000 работници. Една од причните за ваквиот недостиг е и ненавременото исплаќање на платите.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.