СветСветот на работникот

Барани се повеќе од кога било: Државата „плаче“ по овие стручњаци

Германските граѓани на кои им се потребни медицински помагала, од очила и слушни апарати, до забни, се’ почесто се соочуваат со потесна понуда. Снабдувањето е отежнато бидејќи во целата земја недостигаат квалификувани работници за производство.

Центарот за компетентност на работната сила (Kofa) на Институтот за германска економија (IW) во новата студија наведува дека минатата година во просек биле пополнети 4.389 од 7.267 работни места повразни со производство на медицински помагала и опрема.

Посебно лоша е состојбата во производството на оптичарски и слушни помагала.

Работодавачите претежно бараат кандидати за мајсторска квалификација, но најтешко пронаоѓаат сертифицирани квалификувани мајстори – конкурсите за мајсторите останувале неуспешни во осум од 10 случаи, наведува Kofa, со забелешка дека во тој сегмент домашната економија има најизразен дефицит.

„Демографските промени и растечкиот број на постари условува со поголема побарувачка за помагала“, рекла Лидија Малин, водечки автор на студијата, пишува dpa.

Недостигот на работници е директно видлив низ подолгото чекање, ограничениот избор или долгото патување поради набавка, особено во руралните области. Тесните грла во претстојните години само ќе се заоструваат.

Во занаетчиските фирми кои произведуваат опрема за здравство работата смеат да ја водат само квалификувани мајстори. Тоа во пракса значи дека работата можат да ја започнат мајстори, кои ќе обучуваат и сертифицираат работници.

Недостигот од чираци го стеснува кругот на луѓе кои можат во некој момент да започнат со производство на помагала, укажала Малин.

Во тој сегмент, решението не може да биде ни увоз на работна сила од странство, бидејќи работниците во таквите професии мораат да бидат во состојба со клиентите да комуницираат на комплексни прашања, односно мора исклучително добро да го владеат германскиот јазик.

Моментално, во занаетичското производство на медицински помагала непополнети работни места има повеќе отколку кандидати за обука и работа.

„Неопходно е да се зголеми видливоста на тие професии и нивното општествено значење, онака како што е зголемена видливоста за работните места поврзани со климатската транзиција“, рекла Лидија Малин.

Извор: b92.net