Светот на работникот

Барате поголема плата? Овие 7 работи морате да ги знаете пред да влезете во преговори

Преговарањето за платата на многумина им преставува една од најнепријатните деловни ситуации. Стравот од одбивање, желбата да не остават впечаток на човек кој бара премногу и стравот дека би можеле да ја изгубат понудата често спречуваат многу вработени да го постават најважното прашање – постои ли простор за подобра понуда.

Експертите за компензација истакнуваат дека првиот чекор е поедоноставен отколку што поголемиот дел од луѓето мислат: доволно е да се праша дали постои можност за подобрување на понудата. Дури и ваквиот неутрален пристап може да отвори врата за подобри услови.

1. Прво дознајте колкава е пазарната вредност на вашата позиција

Пред било каков разговор, потребно е да се истражи колкави се платите за слични позиции, нивоа на искуство и индустријата во која работите. Преговорите базирани на конкретни податоци имаат многу поголема тежина од личните процени.

2. Не гледајте ја само основната плата

Вкупната компензација може да вклучува бонуси, акции во компанијата, дополнителни бенефити, флексибилно работно време или можност за ревизија на платата во иднина. Затоа е важно да се разбере целата понуда, а не само износот кој го пишува во договорот.

3. Поставете ги вистинските прашања

Наместо веднаш да ја изнесете својата бројка, корисно е да дознаете како компанијата ја формирала понудата, каде се наоѓа во рамките на предвидениот платен оспег и што е вклучено во пакетот на компензација.

4. Преговарајте со студена глава

Експертите советуваат преговорите да се водат по писмен пат, кога е тоа можно. Емаилот дава повеќе време за размислување и овозможува појасно формулирање на барањата, без притисокот од разговорот во живо.

5. Не бидете агресивни

Преговарањето не е конфликт помеѓу кандидатот и работодавачот. Најдобри резултати обично носат професионалноста, искреноста и покажувањето ентузијазам за позицијата.

6. Не изнесувајте ја бројката прерано

Ако прерано кажете колкава плата очекувате, постои ризик да барате помалку отколку што компанијата е подготвена да понуди – или повеќе од нејзиниот буџет. Поради тоа експертите советуваат разговорот за конкретниот износ да се води кога ќе имате повеќе информции.

7. Преговорите се дел од професионалниот однос

Начинот на кој преговарате го поставува тонот на идната соработка. Добро подготвениот, аргументираниот и мирниот пристап покажуваат професионалност и разбирање на деловниот свет.

Извор: BIZLife