ЕкономијаМакедонија

БРАН НА ГАСНЕЊЕ ФИРМИ ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ: Над 1.800 компании ставија клуч

Во првите шест месеци од годинава, клуч на вратата ставиле 1.819 компании, или секој месец во просек деловната битка ја губеле 300 фирми, покажува анализата на Пари направена со податоци од базата на Бизнис Мрежа. Во текот на минатата година се затвориле 4.446 фирми, па ако се задржи трендот на затворање од првото полугодие годинава, може да се очекува дека годинава фирмите покaжале поголема жилавост во опстојувањето од лани.

Податоците покажуваат и дека Скопје е епицентарот на згаснувањата, со 484 компании, што претставува повеќе од 26 насто од вкупниот број на згаснати фирми во државата. Од вкупно 1.819 згаснати компании, дури 1.683 се микрокомпании (над 92 насто), што е јасен сигнал дека најмалите субјекти се најранливи на тековните економски услови. Речиси една третина од сите згаснати фирми (491) доаѓаат од секторот трговија и поправка на возила.

Повеќе тука