Дипломата и познавањето на технологијата повеќе не се доволни – работодавачите бараат нешто друго
Вештачката интелигенција го менува пазарот на труд, а работодавачите се’ повеќе ги ценат љубопитноста, адаптибилноста, критичкото размислување и процената на резултатите од ВИ алатките.
Во ера на вештачката интелигенција работодавачите се’ повеќе ги ценат љубопитноста, адаптабилноста, критичкото размислување и способноста за процена на резултатите кои ги генерираат ВИ алатките, додека конкретните технолошки знаења се’ побрзо се менуваат, наведуваат раковдителите за човечки ресурси и развој на таленти.
Извршениот директор на платрофрмата Greenhouse, Даниел Чејт оценил дека поради брзите промени на технологијата се’ повеќе предност им дава на трајните способности, а не познавањето на поединечни алатки, пренесува CNBC.
Вештините кои претходно често се сместувале во „меки“, како комуникација, учење и прилагодување, сега стануваат поважни за професионалниот успех, наведуваат експертите кои оваа недела се собрале на конференција во Њујорк.
Извор: Bizportal.rs

