Големите промени во кариерата не се она што мислите: Еве што многумина занемеруваат на патот до успехот
Кога размислуваме за важните моменти во кариерата, обично замислуваме големи одлуки – прифаќање на нова работа, промена на професијата или заминување од компанијата. Често токму малите одлуки, кои во моментот изгледаат неважно, се оние кои долгорочно намногу влијаат на нашиот професионален развој.
Луѓето веруваат дека кариерата се менува низ големи пресвртници. Добивањето на унапредување, преминувањето во друга компанија или потполно новиот почеток делуваат како моменти кои ја одредуваат иднината. Кариерениот пат многу чсто се гради низ помали избори кои ги носиме секој ден, пишува Harvard Business Review.
Тоа може да биде одлука да прифатиме проект кој не вади од зоната на комфорот, да научиме нова вештина, да го запознаеме колегата од другиот тим или за првпат да кажеме дека сакаме повеќе одговорности.
На прв поглед, ниедна од овие одлуки не делува како момент кој ќе го промени текот на кариерата. Но токму тие често отвораат врата на нови шанси.
Кариерата не е однапред зацртан план
Многу млади професионалци чувствуваат притисок дека мораат веднаш да знаат по кој пат сакаат да одат. Кариерите денес ретко изгледаат како права линија од првата работа до конечната позиција.
Луѓето менуваат индустрии, учат нови области и пронаоѓаат интереси кои не ги очекувале на почетокот на патот. Наместо да бараме една совршена одлука, покорисно е кариерата да ја гледаме како процес на истражување и прилагодување.
Понекогаш работата којашто ќе ја прифатиме поради искуство, а не поради идеалните услови, станува важно скалило кон следната прилика.
Малите одлуки го градат професионалниот идентитет
Начинот на кој пристапуваме на секојдневната работа често повеќе зборува за нашата идна кариера отколку самата позиција која моментално ја имаме.
Личноста која редновно бара повратни информации, презема инцијатива и вложува во своето знаење постепено гради репутација на некој на кој може да му се верува. Таа репутација подоцна може да донесе нови проекти, препораки или прилики за напредување.
Големите промени често доаѓаат како резултат на претходно вложениот труд кој другите можеби не го забележале.
Не ја избираме само работата, туку и опкружувањето
Една од одлуките кои можат да имаат големо влијание на кариерата е изборот на луѓе со кои работиме.
Менторите, колегите и лидерите можат значајно да влијаат на нашите вештини, самодоверба и начин на размислување. Работното опкружување во кое постои простор за учење често може да биде повредно од самата титула или краткорочните бенефити.
Затоа во текот на размислувањето за следниот чекор не е важно само прашањето: „Која позиција ја добивам?“, туку и: „Што можам да научам и кој можам да станам во тоа опкружување?“
Најважните одлуки стануваат јасни дури подоцна
Ретко кога во момент на носење на одлуки знаеме каков ќе биде нејзиниот вистински ефект. Дури неколку години подоцна можеме да видиме како различните избори го поврзале нашиот професионален пат.
Затоа не е потребно секоја одлука да изгледа како голема животна пресвртница. Некогаш е доволно да се направи мал чекор – да се пријави за проект, да се разговара со некого од друга област или да се вложи време во нова вештина.
Бидејќи кариерите најчесто не се менуваат со еден голем потег. Тие се обликуваат низ десетици мали одлуки кои ги носиме попатно.
Извор: Blic.rs

